Во извинувањето до сите што имаат купено карти за настапот, Луи имаше и неколку дофрлувања до агенцијата заради невештото користење зборови во своите соопштенија.
"Драг пријателе,
Здраво. Тука е Луи Ц.К. и сакам само да се осигурам дека сите знаат дека моето утрешно шоу во Медисон Сквер Гарден е откажано. На сите сопственици на влезници автоматски ќе им бидат вратени парите. Навистина ми е жал за ова и јас сум изненаден што додека пишува откривам дека има само едно L во зборот canceled (откажан). Ќе мора за ова да му верувам на мојот мобилен. Ама мене не ми изгледа правилно.
Во секој случај, изгледа како да има огромна виулица која му се приближува на Њујорк. Оваа бура ја нарекуваат 'историска' што... Па, не знаев дека можеш нешто да наречеш историско, ако уште се нема случено. Ама јас не сум човекот што ќе пркоси на идните историски настани. И морам да ја почитувам одговорноста која ја имам кон 15.000 луѓе што имаат влезници за ова шоу, и би можеле да заглават некаде историски обидувајќи се да стигнат или да си заминат од моето шоу. Освен ова, ако некогаш си пробал да си го вратиш капарот што си го оставил за свадба затоа што надвор паднало снег, тогаш не сакаш ни да знаеш колкав е капарот за Медисон Сквер Господе Боже Гарден.
Па. Нема шоу. Сепак, вечер ќе бидам на Летерман. Па можеш да ми се дереш директно во мојава глупа ама убава фаца на твојот телевизор или на твојот пешкир или на твојот часовник или на што и да го гледаш Летерман.
Исто така за кратко време ќе те контактирам околу мојот нов стенд-ап специјал кој наскоро треба да биде историски достапен на мојата веб-страна louisck.net.
Стварно сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа на моите шоуа во МСГ. Ова беше неверојатно искуство. Публиката беше одлична. А екипата од МСГ е професионална и елегантна.
Ок. Тоа е тоа. Имам алишта за перење.
Биди добар, и немој да бидеш кретен кон другите.
Луи Ц.К."