Комплетниот постскриптум:
"П.С. Ве молам престанете со гласање за Трамп. Едно време беше смешно. Ама човекот е Хитлер. И со тоа подразбирам дека ние сме Германија во 30-те. Дали мислите дека они биле свесни за сите срања што ги чекаат. И Хитлер изгледал како забавен и нов тип со чудна фризура кој би кажал се што ќе му падне на памет.
Не ги промовирам ниту Хилари ниту Берни. Ги сакам и двајцата ама искрено би сакал следниот претседател да е конзервативец само затоа што го имавме Обама 8 години и ни треба баланс. Не зашто што нешто посебно ми е мила конзервативната агенда. Само мислам дека власта треба да биде одраз на народот. И ние сме околу 40% конзервативни и 40% либерали. Кога растев и кога бев помлад, либералите и конзервативците беа пријатели со разлики меѓу себе. Не беа непријатели. И ова секогаш ми беше разумно дека секој едно време ќе го добие претседателот што го посакува, па едно време ќе дојде другиот претседател што ќе го мрази. Ама ова функционира само ако конзервативците извадат добар кандидат. Добар паметен конзервативец кој може да се соочи со либералниот кандидат за да имаат добра дебата и државата да одлучи кого ќе избере овој пат.
Трамп не е тоа. Тој е лудак преполн со предрасуди. И опасен е.
Тој веќе најави дека ќе ги прошири законите за клевета за да може да го тужи секој 'што ќе напише негативен текст' за него. Тој вели 'јас толку многу ќе ги отворам законите за клевета за да можеме да ги тужиме и да им земеме многу пари. Не како сега. Тие се тотално заштитени.' Он го кажа ова. Он вети дека ќе го распарчи првиот амандман (и ако мислите дека вториот ќе го остави недопрен тогаш сте во заблуда.) И рече дека Пол Рајан, спикерот на претставничкиот дом 'ќе плати' за тоа што го критикувал. Па ова сега го кажувам затоа што ако влезе таму, нема веќе да можам да го критикувам.
Ве молам изберете некој друг. Како Џон Касич. Ок ми изгледа човекот. Мене не ми се допаѓа никој од нив, ама ако си таков гласач, те молам избери некој од другите кандидати. Изгледа како меѓу него и кој и да е од демократите имаме добар избор. Изгледа како поздрав избор. Ние не би требало да гласаме за некого затоа што не се шокантни лажливи милијардерски пизди.
Треба да избираме врз основа на тоа во кој правец треба да се движи државата.
Јасно ми е дека сите тие звучат како сераторски криминални опортунисти. Целата игра остава чувство дека е наместена и веќе единствен правец во кој се движи е надолу. Понекогаш го чувствувам тоа.
И дека гласањето за Трамп е еден вид бунт 'кој го ебе. Нек се ебат.' Стварно ми е јасно ова. Ова е еден вид национално самоубиство. Ова е како еден голем дим од лулето со крак. Некако не можеме да се спречиме себе си. Или знаме дека ако гласаме за Трамп нашите телефони во следните неколку години ќе бидат сигурен извор на допамин. Уште сега едвај чекам секој ден да читам за Трамп. Јако е. Ама мора да сфатите дека тоа не е здраво.
Ако си вистински конзервативец, не гласај за Трамп. Тој не е еден од вас. Тој е еден од себе. Се што ви се допаднало што тој кажал, ако добро разгледате ќе видите дека некој друг ден тој го кажал токму спротивното. Си игра со вас.
Всушност, ако гласаш за Трамп, барем претходно добро анализирај го. Тоа ни го должиш на нас останатите. Знај и разбери за кого гласаш. Потроши еден час на Гугл и само читај. Не ме слушај мене или либералите кои се против него. Слушај ги твоите луѓе. Слушај го Џон Меккејн. Оди види што тој вели за Трамп: 'Во време кога нашиот свет никогаш не бил покомплексен или во поголема опасност... сакам републиканските гласачи да обрнат внимание на што најпочитуваните и најзапознаените наши партиски лидери и експерти за национална безбедност го велат за г-дин Трамп, и долго и сериозно да размислат околу тоа кој сакаат да биде нашиот командант на вооружените сили и водач на слободниот свет.'
Кога на Трамп му кажаа што рекол Меккејн, Трамп одговори 'Да, а? Епа тоа не е убаво... ќе мора да биде многу внимателен околу тоа.'
Запрашан зошто би требало Меккејн да биде внимателен, Трамп само дополни 'ќе види зошто'.
Дали стварно сакаш претседател да биде човек што му се заканува на Џон Меккејн? Затоа што Меккејн предупредувачки и разумно побарал од луѓето детално да размислат пред да гласаат за него? Тој не го ни навреди Трамп. Само побара добро да размислите. А Трамп му одговори дека треба да се пази.
Се сеќавате дека Трамп влезе во трката велејќи дека Џон Меккејн не е воен херој. Човек кој е застрелан, сериозно повреден и со години држен во затворенички камп. Трамп рече 'претпочитам момци што не биле заробени.' Зошто воопшто го кажа тоа? Не затоа што го мисли или затоа што беше важно да го каже. Го кажа затоа што тој е насилник и секој насилник знае дека кога влегуваш во нов школски двор, прво го напаѓаш најсилниот и најпочитуваниот човек во дворот и го удираш право во нос. Ако и по ова стоиш на нозе, ти си новиот газда. Ако Трамп стане претседател тој нема да се смени. Тој нема да направи ништо за тебе. Тој ќе направи сè за себе и ќе те остави во прашината.
Па, те молам слушај ги конзервативците. Уште поважно, слушај го Трамп. Ама употреби и малку мозок и распрашај се за човекот. Затоа што ако гласаш за него според тоа како сега се чувствуваш, истата минута кога тој ќе стане претседател, ќе жалиш за тоа. Уште повеќе ќе зажалиш кога својата работа ќе му ја даде на син му. Затоа што американската демократија е доволно нефункционална што човек како него стварно може да ги сјебе работите. Така и Хитлер стигнал таму. Тој беше изгласан од истоштена нација и кога влезе, тој ги направи сите Хитлер работи за да не може да биде сопрен.
Пак, не ви велам гласајте за демократи или гласајте за кој било друг. Ако Хилари заврши како претседател тоа ќе биде затоа што се соочила со најдобриот човек што го имате и ти и јас сме избирале меѓу неа и него или кој и да е. Трамп не ви е најдобриот. Тој е најлошиот од сите нас. Тој е симптом на проблем кој е многу реален. Ама не гласајте за сопствениот канцер. Подобри сте од тоа.
Тоа е само мое гледиште. Барем во моментов. Јас не сум квалификуван или посебно образуван и јас да сум во право а ти не. Јас сум идиот и сигурен сум дека добар дел од вас сте изнервирани од ова. Ебана славна личност со став. Ви се колнам ова не е политички став. Не сакате да ги знаете моите политички ставови. (И знам дека само си правам проблеми со ова.) Трамп нема никаква врска со политика или идеологија. Тој има врска со самиот себе. И јас стварно не мислам никого да навредам. Освен Трамп. Него мислам многу да го навредам. И стварно, не велам дека тој е зло или монструм. Всушност не мислам ни Хитлер дека бил. Проблемот кога викаш дека такви луѓе се чудовишта е што не гледаш како надоаѓаат и стануваат луѓе. Секој е. Трамп е збркан човек со дупка во срцето која се обидува да ја наполни со пари и внимание. Тој никогаш не може да има доволно ни од едното ни од другото, и никогаш нема да престане да се обидува. Болен е. Што го прави многу многу интересен. И те привлекува кон себе што некако прави да се чувствуваш добро или фасцинантно лошо. Тој не е чудовиште. Тој е тажен човек. Меѓутоа сето ова го прави страшно опасен ако стане претседател. Дајте му уште едно ТВ шоу. Дајте да му го ставиме името на уште неколку згради. Ама ве молам престанете да гласате за него. И ве молам гледајте ги Хорас и Пит."