Правило за состаноци: две пици

Познаваме компании во кое бескрајното состанчење (и форвардирање меилови) изгледа како единствена смисла на работниот ден на некои вработени. Џеф Безос од Амазон има поинаков поглед: состанок САМО ако е тотално неопходен а и тогаш, не со многу луѓе.

Колку повеќе луѓе на еден состанок, толку состанокот е се повеќе некорисен, гласи едно од правилата на компаниското живеење. 

Во голема група, луѓето се склони да се приклучат кон некој од погласните опции при што се губат индивидуалните погледи на некој тековен проблем од дневниот ред и настанува - гракање.

Џеф Безоз (Амазон, Вашингтон Пост) не сака состаноци. Смета дека тие се корисни само доколку се апсолутно неопходни.

"Тој повеќе сакаше да има децентрализирана, па дури и дезорганизирана компанија во која индивидуалните идеи ќе преовладаат врз групното мислење," пишува во Вол Стрит Журнал еден негов стар соработник.

 

За тоа колкумина луѓе треба да присуствуваат на еден состанок, Безос го користел тн "правило на две пици": во собата да има толку луѓе колку што можат да бидат најадени од две пици. Ништо повеќе.

30 октомври 2013 - 11:52