Предлог функционалност, за сега само на слика, за системот за закажување состаноци на Гугл (или кој и да е. Сè останува како до сега, само до името на учесниците на состанокот додаваш колку пари заработуваат на час, чисто за да знаеш колку пари чини компанијата времето што и го трошиш на состанок и плус една збирна сума за крајниот цех.
Не само што вработените сметаат дека се вишок на една третина од состаноците на кои ги викаат, туку на непотребно дремење на состаноци големите компании фрлаат и до 100 милиони долари годишно, пари кои ниту ја зголемуваат продуктивноста, ниту работата што е завршена.
Порано создававме нешта. Сега имаме состаноци. Секоj работен ден само на американските работни места се одржуваат 50 милиони состаноци. Но не дека ова е нешто ново - го има и во класичните дела од сите епохи.
Мобилни телефони, меилови, подготовки за состаноци, состаноци, интернет, социјални мрежи, оговарања... Пред модерниот вработен денеска постојат многу пречки за постигнување на саканата продуктивност. Испаѓа, на рударите блазе си им.
Се проценува дека американскиот бизнис губи 37 милијарди годишно заради непродуктивни и генерално бескорисни состаноци. Стив Џобс беше човек кој не дозволуваше неговиот Епл да биде таква компанија. Три цаки со помош на кои тој состаноците ги правел супер продуктивни.
Податоците се собрани од повеќе студии на темата состанчење и од нив се вадат бројки како тоа дека состанок најчесто се закажува во 11 часот и дека 63% од состаноците се свикани без испланирана агенда.
Парадоксот е што заради технологијата која беше создадена да го намали бројот на состаноци, само се зголеми потребата луѓето да се видат лице в лице. Дополнување на парадоксот е што после толку години седење и договарање, човештвото и понатаму ужасно го злоупотребува состанокот.
Помогнати од технологии како меил и видео-разговори, начинот на кој што го организираме животот и ги структурираме компаниите (посебно состаноците) почна да троши спектакуларни количества време, барем така тврди студија објавена во Харвард Бизнис Ривју.
Познаваме компании во кое бескрајното состанчење (и форвардирање меилови) изгледа како единствена смисла на работниот ден на некои вработени. Џеф Безос од Амазон има поинаков поглед: состанок САМО ако е тотално неопходен а и тогаш, не со многу луѓе.
Во зависност од тоа кои луѓе ќе ги соберете од фирма, просечниот состанок ќе ве чини околу 500 долари, а од 40-часовна недела околу 20 до 30 часови се трошат на состанок, покажала една анализа од Силициумската Долина.