Преку половина од вработените Американци само четвртина од своето работно време го минуваат во реално исполнување работни задачи.
Во тоа најмногу ги оневозможуваат малите ситници кои ги обавуваат и заради кои не можат да се посветат на подолгорочните ангажмани. Мислат на поплавата од меилови, повици, уточнување на агенди, состаноци и сл. Сето ова им влијае и на модерниот јин- јанг наречен работа - слободно време па 60 проценти од испитаните остануваат и подолго на работа за да можат да ги завршат дневните обврски.
А тука се и состаноците: секој петти вработен Американец повеќе од два часа дневно кмиши на состаноци.
По нивно мислење, најголема збрка им прават мобилните телефони а високо на листата убијци на продуктивноста се котираат и оговаранциите меѓу колегите, интернетот и социјалните мрежи.