Долго време, концептот на жонглирање со повеќе задачи одеднаш беше добро за во CV. На некој начин, колку повеќе топчиња фаќаш без да се збуниш, толку си појак пред друштво, колеги и надредени. Ова веќе не важи.
Повеќето финти за продуктивност како да се фокусирани на луѓе кои најдобро функционираат рано сабајле, заради што извисуваат „ноќните птици“ што најмногу работа бркаат кога ќе се затемни светот.
Продуктивно утро значи различни работи за различни луѓе: за едни е вежбање пред 9, за други полнење на машината за садови пред да излезеш од дома, да вратиш на мејлови додека пиеш кафе или да анализираш проект пред да влезеш на состанок. Но, придобивките од чувството на продуктивност не се сведуваат само на штиклирање работи од список - утрото може да му даде правец на целиот ден.
Нова книга под наслов „Свет без електронска пошта“ од Кал Њупорт, тврди дека мејловите и пораките ја уништуваат продуктивноста на работните места. Не дека не го знаевме ова, ама убаво е да си повториме. И по неколку минути пак да си го провериме телефонот.
Повеќето корппративни тим-билдинзи се обично трошење време и пари, тврди човек со 25 годишно искуство во зголемување на продуктивноста на трудот. 17 години од нив минал во гигантот Марс Инк., 107 години стариот и 35 милијарди долари вредниот глобален бизнис поседуван од семејството Марс.
На една таква конкурентска платформа ориентирана кон вработување, веќе не е доволно да ги имаш најдобрите вештини и знаења потребни за некое работно место. Бидејќи конкурентот за тоа место е подготвен да понуди и да не спие.
Славните научници и уметници биле крајно амбициозни, страсно се посветувале на својата работа и имале речиси натчовечки капацитет да се фокусираат. Но подеталната анализа на нивниот работен ден покажува дека работеле само по неколку часа на она што денес го препознаваме како нивно најголемо достигнување. Остатокот од времето - кулирале.
Текстот е напишан за американска публика, и на неа и порачува дека ОК е што толку се запнати да работат без усул, ама треба малку и да одморат и да се посветат на себе. За тукашната публика пораката од текстот оди во спротивен правец - тоа што Германците се кршат од работа не значи дека не знаат да одморат.
Мобилни телефони, меилови, подготовки за состаноци, состаноци, интернет, социјални мрежи, оговарања... Пред модерниот вработен денеска постојат многу пречки за постигнување на саканата продуктивност. Испаѓа, на рударите блазе си им.
Ако сакате да бидете навистина посветени на својата работа и на неа да го дадете својот максимум, ќе треба да научите да бидете мрзливи. Така гласи последниот совет за зголемување на продуктивноста на работничката класа во западниот свет.
Освен ако не се одржува на еколошки чисто ниво, воздухот што го дишеш во канцеларија го намалува капацитетот на твојот мозок за повеќе од половина. И ова е тестирано на луѓе со капацитет.
Се проценува дека американскиот бизнис губи 37 милијарди годишно заради непродуктивни и генерално бескорисни состаноци. Стив Џобс беше човек кој не дозволуваше неговиот Епл да биде таква компанија. Три цаки со помош на кои тој состаноците ги правел супер продуктивни.
Некогаш длабоко верувавме дека во иднината роботите ќе работат а ние ќе уживаме. Зошто тогаш денес 'рмбаме ко коњи? Целата статија на Њујоркер можеби би можела да се сведе на она: "If you're busy, you seem important."
И кај нас социјалистичката работно-просторна парадигма наречена канцеларија (машина за чукање, фикус, алкохол скриен во кластер) беше заменета со тн. океански простори. Сите во иста, голема просторија, на отворено, со можност за непосредна комуникација, демек поефикасно и подобро за работа. Нема врска.