Извештајот објавен во Environmental Health Perspectives дополнува и дека свежиот воздух може да ги подобри перформансите и продуктивноста на вработените заглавени на бироа.
Студијата ја прават од Хелти билдингс програмата на Харвард, и во неа 24 канцелариски професионалци (архитекти, дизајнери, инженери) од вторник до четврток работат во канцеларија со контролиран воздух. Понеделник и петок се избегнати за да не излезе дека на резултатите влијаат менталните предрасуди кон овие два дена.
Просторијата што глумела канцеларија е лабораторијата на Универзитетот Сиракуза. Станува збор за еколошка зграда која ги исполнува највисоките стандарди за високо квалитетен воздух, меѓутоа во исто време бидејќи е лабораторија, таа има способност и да ги менува варијаблите кои го одлучуваат квалитетот на воздухот.
Истражувачите објаснуваат дека денешните канцелариски згради се прават за да постигнат енергетска ефикасност, чија главна задача е да го чува климатизираниот воздух и да не дозволува негова замена со надворешниот воздух со цел заштеда на енергија.
Во тестот имало воздух со квалитет на:
- просечна канцеларија,
- "зелена" канцеларија
- "зелена" канцеларија со напредна вентилација за понизок ЦО2
- "зелена" канцеларија со додавање на умерени нивоа на ЦО2
- "зелена" канцеларија со додадени високи нивоа на ЦО2
На крајот од работниот ден испитаниците на излегување од канцеларијата (лабораторијата) требало да решат когнитивен тест. Ниту "заморчињата", ниту луѓето кои го спроведувале тестот имале претстава каков воздух тие дишеле дента.
Во секоја од "зелените" варијанти испитаниците имале дупло подобри резултати во споредба со просечната канцеларија. Дополнително откритие на студијата е што потврдува дека ЦО2 во работниот простор има влијание врз луѓето, нешто што до сега не се земаше предвид.