Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Унгарија блокираше задолжување на ЕУ за помош на Украина

6 декември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Унгарија го употреби правото на вето во ЕУ за да ја блокира иницијативата за колективно задолжување со цел да се пополнат дупките во буџетот на Украина.
  • Предлогот беше објавување еврообврзници во вредност од 90 милијарди евра, со средства од буџетот на ЕУ, кои би биле исплатени од членките, пропорционално на нивниот економски капацитет.
  • Алтернативниот план на ЕУ за поддршка на Украина е „заемот за репарации“, кој опфаќа присвојување на замрзнати суверени руски средства во вредност од 210 милијарди евра, од кои 185 милијарди се во Еуроклир во Белгија. Премиерот Барт де Вевер го одбива овој план, бидејќи ако Русија ги побара назад своите пари, Белгија самата ќе мора да ги врати.
  • Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа отпатувал во Брисел за да го убедува Де Вевер да попушти. Му понудил Германија да гарантира за 25% од потенцијалната штета, но Де Вевер бара пошироки гаранции од сите членки на ЕУ што би ја покриле целата сума.
извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Чкембари: Не сакаме повеќе да живееме со нив во иста држава

Навивачи
2

Три минути

Мешано
3

Што пејат бе овие?

Фудбал
4

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
5

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
6

Македонија до Колумбија

Разно
7

Има работа на кој му се седи

Канта
8

Нашата Евровизија

Музика
1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
3

Зошто стапката на новородени деца опаѓа насекаде во исто време?

Свет
4

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

5

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

6

„Лудите“ бизнисмени што вложија во Твитер ги дуплираа парите

Бизнис
7

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
8

Почина легендарниот карикатурист Коракс

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сама си го бараше

Како да не бидете добронамерна шовинистичка свиња

Невиден виц на денот

Хихихи-хухуху, отиден е дечкото

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy