- Википедија статијата за конзервативниот активист Чарли Кирк, оваа година била прочитана 45 милиони пати, особено откако тој беше убиен на 10 септември на отворена сцена во универзитетски кампус.
- Второто место традиционално му припаѓа на списокот на познати лица кои починале во текот на годината а третото место е за Ед Геин, американскот масовен убиец чиј живот е прикажан во третата сезона на true crime антологијата на Нетфликс, Monster.
- Википедија годинава слави 25 години од постоењето. Ја креираат 250.000 волонтери, меѓу кои се и нашите Викимедија МКД.
- Во последно време слободната енциклопедија е честа мета на критики за идеолошка пристрасност (види: Википедија влече накај воукипедија) па Илон Маск како алтернатива ја понуди неговата Грокипедија.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.