- На хрватскиот дистрибутер на струја ХЕП се приклучени 38.947 кровни соларни елекетрани со кумулативна сила од преку 1,1 гигават.
- Иако само една петтина од нив се на претприемачи (останатите се домаќинства), тие држат речиси 80% од вкупната сила.
- Во последниве четири години, бројот на инсталации се има зголемено над десет пати, особено во жупаниите со развиена локална економија и туризам.
- Ваквиот силен раст веќе станува предизвик за дистрибутивната мрежа. Главните проблеми се зголемувањето на напонот над дозволените граници (особено во области со мала потрошувачка и голем број соларни електрани) и преоптоварувањето на капацитетот во некои трансформаторски станици во време на пиковите, помеѓу 11 часот и 15 часот. Дополнителен проблем е сезонската зависност и просторната нерамномерност, особено по должината на јадранскиот брег.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.