ШТО Е МОЖНО ПОМАЛКУ ЛУЃЕ НА СОСТАНОКОТ
Стив Џобс сакал да држи состаноци со стандардни екипи. На еден редовен состанок со маркетинг агенцијата, забележал нов и непознат лик. Се стаписал, со очи приковани на она што не му штрчело. "Која си ти?" Таа смирено му објаснила дека работи на сродни маркетинг проекти со агенцијата и процениле дека може да биде од корист. Тој исто така смирено ја сослушал и потоа и ја покажал вратата. "Мислам дека нема да ни требаш на овој состанок, ти благодарам."
Во книгата "Излудувачки едноставно" неговиот долгогодишен соработник Кен Сегал вели дека Џобс бил доследен на овој принцип. Кога бил повикан на состанок лично од Барак Обама, одбил да оди со објаснување дека "за негов вкус ќе има премногу луѓе на состанокот."
НЕКОЈ МОРА ДА Е ОДГОВОРЕН ЗА СЕКОЈА ТОЧКА ОД ДНЕВНИОТ РЕД
Суштински дел од неговиот деловен менталитет било она што се нарекува "accountability mindset", што значи поставување на процесите така што секој да знае кој за што е одговорен. Во Епл имале и кратенка за тоа, DRI (idirectly responsible individual) која стоела покрај секое име наведено во акционите планови.
"Во брзо-растечки компании во кои има еден тон активности, важни работи се забораваат не затоа што некој е неодговорен туку заради презафатеност со сè. Но, добро е кога се знае кое е твое бебе и тогаш можеш да водиш сметка за него", вели менаџерка во Епл која има работено во департментите на Ајпод а потоа и на Флипборд.
СТИВ ЏОБС НЕ ДОЗВОЛУВАШЕ ЛУЃЕТО ДА СЕ КРИЈАТ ПОЗАДИ POWER-POINT ПРЕЗЕНТАЦИИ
Џобс мразеше формални состаноци и преферираше живи средби лице в лице, пишува авторот на биографска книга за него, Валтер Исаксон. На една полабава средба со маркетинг и адвертајзинг тимовите, забранил користење технологија и ги терал луѓето критички да размислуваат и да се впуштаат во дебати.
"Сакам да се ангажираат, да ги вадат проблемите на маса и да бараат решенија а не да ми листаат слајдови. На оние кои знаат што зборуваат, не им треба PowerPoint," му рекол Џобс.