Отворените океански работни простории ниту ја подобруваат комуникацијата меѓу колегите ниту пак ја зголемуваат продуктивноста на вработените. Заклучоците се изведени врз основа на истражување на 303 згради со 42.000 американски канцелариски работници и ја демантираат основната надеж дека ваквите работни услови ја зголемуваат поврзаноста меѓу колегите, работниот елан и ефикасноста.
"Нашите резултати категорично ја негираат општоприфатената идеја дека океанските простори позитивно влијаат врз работниот морал и задоволството од работата," соопштија истражувачите.
Луѓето се сериозно незадоволни заради немањето приватност и неможноста да ја контролираат бучавата во местото во кое работат; тоа влијае врз нивните резултати и генерално, ја обесхрабрува комуникацијата.
Во полза на ваквите простори останува економскиот аргумент: во нив можат да се накрцкаат повеќе луѓе отколку во посебни канцеларии.