Таг: океански канцеларии

Проблемот со „океан“ канцеларија и како да го решиш

Демонтирањето на коцката и воведувањето на отворената „океан“ канцеларија беше доживеана како момент на глобално копоративно просветлување, решение кое конечно ќе ги зближи рамнодушно несреќните канцелариски работнички сили и ќе донесе радост, креативност и  (веројатно најважно) полетност во исполнувањето на работните задачи. По доволно години искуство во отворени канцеларии, излезе дека баш и не е така.

Како "океан системот" стана толку чест (и лош)

По децении минати во коцки, (американските) работни простории почнаа постепено, но масовно, да се ослободуваат од преградите и да преминуваат на отворен работен простор.

Штала не е за работа

И кај нас социјалистичката работно-просторна парадигма наречена канцеларија (машина за чукање, фикус, алкохол скриен во кластер) беше заменета со тн. океански простори. Сите во иста, голема просторија, на отворено, со можност за непосредна комуникација, демек поефикасно и подобро за работа. Нема врска.