Она што на вработените (успешно) им се продава како конфигурација која дозволува и промовира интеракција и соработка меѓу колегите, е само одличен начин за заштеда на пари на прескапата цена на недвижностите.
Не само што постојат студии кои покажуваат дека приватни канцеларии даваат далеку подобри резултати отколку отворениот работен простор, туку истражувања покажуваат и дека "интеракцијата" и слични заслуги кои му се закачуваат на океанскиот систем не се проблем кај ниту една поставеност на канцелариите.
Едно од разочарувањата кои може да дојдат за модерните гуруа на уредувањето на работниот простор е дека океан системот постои уште од 18-от век, и во тоа време е прилично стандарден.
Човекот кој го носи океан системот во модерниот бизнис свет е американскиот архитект Френк Лојд Рајт. И тој прави ремек-дела со него. Тие што доаѓаат по него и не баш.