И кај нас социјалистичката работно-просторна парадигма наречена канцеларија (машина за чукање, фикус, алкохол скриен во кластер) беше заменета со тн. океански простори. Сите во иста, голема просторија, на отворено, со можност за непосредна комуникација, демек поефикасно и подобро за работа. Нема врска.