Годинешната бројка е за 1,4% поголема од онаа во 2017. Овој рекорд е придружен со уште едно историско постигнување од 44,8 милиони вработени.
На ниво на Германија исто така пораснал и просечниот број на работни часови, делумно заради трендот на договори на цело работно време наместо на скратено работно време.
Вака триумфалните бројки на Германците бледеат кога ќе истрчаат на меѓународна сцена. Статистиката на ОЕЦД покажува дека германскиот работник во просек работел по 1.356 часови годишно, додека Мексиканецот во во 2017 просек искуцал 2.257 работни часови.
Германците по бројот на работни часови биле и под просекот на ОЕЦД кој изнесувал 1.744 часови годишно.
И три децении по обединувањето источните сојузни држави на Германија имале пониска продуктивност и плати од западните.