„Кога имаш продуктивно утро, чувствуваш како да ти тргнало и тераш,“ вели Алексис Хаселбергер, тренер за продуктивност. „Кога ќе го направиме тоа што сме имале намера да го правиме, добиваме чувство на исполнетост и тоа може да ни даде елан да продолжиме на истиот начин.“
Дури и да почне да се распаѓа утрото - полна кујна садови, немање време за вежбање, никакви анализи на проекти - никогаш не е предоцна да направиш ресет. „Нема поента да се жалиме на тоа што поминало, или тоа што сме можеле да го направиме,“ вели Хаселбергер. „Вистината е дека тоа е тоа, и колку побрзо се соочиме со тоа и колку побрзо направиме нов план врз основа на новата ситуација, толку попродуктивни ќе бидеме.“
Прво, доста се туфкате:
Првиот чекор кон рестартирање на утрото што излегло од шини е да се застане и да се расчисти умот, пред да навлезе стресот. Стресот се манифестира со тоа што или сакаш да направиш сè одеднаш, паничејќи, или да ти помине денот во неправење ништо. Одново формирајте ги очекувањата. Може да помогне и физичко движење - прошетка, неколку минути длабоко дишење, или танцување на омилена песна.
Одново уредени цели:
Кога ќе ви се расчисти умот, време е да се направи нова проценка на списокот: Што мора апсолутно да се случи, а што може да се одложи без последици? Размислете колку енергија ви останало и направете реалистичен план за она што би можело да е најпродуктивно.
Спремете се за утре:
Без разлика дали утре ќе надоместите за доцнењето денес, или ви се чини дека утрата ви се општо непродуктивни, преработете ја вечерната рутина за да има време за подготовки поради кои утрешниот ден ќе се движи помазно. Sирнете го календарот за наредниот ден и бидете сигурни дека планот ви е реален за она што треба да се постигне. Така, кога ќе седнете да работите, нема да губите енергија на „активирање“ само за да почне денот, туку почнувате веднаш да завршувате обврски. Најтешката задача ставете ја најгоре на список и почнете ја уште пред да отворите инбокс. Според експертите, идејата што треба да се постигне е „ако јадеш жаба за појадок, после секој нареден оброк ќе ти биде вкусен.“