Состаноците сами по себе не се лоши, само треба да се смени нивната структура - буквално и физички.
Идејата за промена доаѓа од партнерите во архитектонска компанија NBBJ, кои имаат изгубено необјасниво многу време на состаноци додека работат на проекти за Самсунг, Гугл и Амазон.
Базирано на разговорите со ЦЕО-та на врвни компании тие прво предлагаат да се промени структурата на луѓето што се присутни на состаноци па од поединци и водачи на тимови, на состаноците да почнат да доаѓаат самите тимови, кои и онака ќе треба да одговорат на сите прашања и задачи кои ќе излезат од средбата.
Ова значи дека ќе треба прво да се направат добри тимови:
"Решението го има Томас Мелоун од МИТ. Тој открива дека има 3 фактори кои ја предвидуваат колективната интелигенција и перформансите на групата. Првата е просечната емоционална интелигенција на групата. Втората е нивото до кое членовите на групата се еднакви во разговорот. Ако еден или двајца доминираат во групната дискусија, тогаш во просек е пониска колективната интелигенција на тимот. И трета точка, процентот на жени во групата: зголемениот број на жени е поврзан со поинтелигентни групи."
Што се однесува до физичката промена што треба да се направи околу состаноците, двајцата објаснуваат дека заклучокот од сите невролошки истражувања е дека најефективни се состаноците во одење. Научно: "истражувањата покажаа дека вежбата го создава протеинот наречен БДНФ (невротрофен мозочен фактор http://en.wikipedia.org/wiki/Brain-derived_neurotrophic_factor) која го подобрува функционирањето на невроните. Во основа те прави попаметен."
Од искуство тие објаснуваат дека состаноците каде што се бара креативност треба да се одржуваат во канцеларии со високи тавани, освен кога се работи за математички пресметки за што се оптимални соби со низок таван. Исто така луѓето имаат многу подобри перформанси кога се во близина на природна светлина, или општо на природа.
"Еве ги нашите совети за да ги направите состаноците и просторот за состаноци поефективни:
- Стани и размрдај се. Нема поефективен начин да се состанчи од тоа да свртиш еден круг околу зграда.
- Нема канцеларија која ќе одговара за сите. Смисли различни простори за состаноци: некои со визуелна приватност, некои без визуелна приватност; некои со акустична приватност, други без. Клучот е во разноликоста.
- Наполни ја твојата канцеларија со тимски играчи.
- Запамети: колку повеќе жени, толку ти е поинтелигентен тимот,"