ЦДЦ повторно предупредува: Вакцините може да предизвикаат аутизам

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести на својата веб-страница објави предупредување дека вакцините може да предизвикаат аутизам. Досегашниот став дека вакцините немаат врска со аутизмот ги прекршувал законските стандарди. За основа било прифатено старо истражување, а новите студии што укажуваат на можна врска биле игнорирани.

Во новиот текст се забележува дека Министерството за здравство почнало сеопфатна проценка за да ги испита причините за аутизам. За досегашните гаранции од ЦДЦ дека вакцините не го зголемуваат ризикот за аутизам е наведено дека не биле во согласност со одредбите од Законот за за квалитет на податоците.

Тврдењето „вакцините не предизвикуваат аутизам“ не беше поткрепено со докази. Новите истражувања, кои укажуваат на спротивното, беа игнорирани од здравствените власти. Иако зголемувањето на случаите веројатно е последица на многу фактори, нема научна основа да биде целосно отфрлен еден од потенцијалните фактори, забележува ЦДЦ.

Групата Одбрана на здравјето на децата, на чие чело порано беше актуелниот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди, ја поздрави одлуката.

Центарот за контрола и превенција на болести почнува да ја признава вистината за оваа состојба што погодува милиони, отфрлајќи ја долгогодишната лага дека вакцините не предизвикуваат аутизам, објави групата.

Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди претходно посочи и други можни причини за ширењето на аутизмот низ САД – користењето на лекот тиленол во бременоста, пестицидите и другите токсини во животната околина.

Бројот на регистрирани случаи на аутизам во САД значително се зголеми во изминатите две децении. Според податоци од ЦДЦ, во 2022 година, стапката на аутизам била 3,2%, во 2018 година била 2,27%, а во 2000 година била 0,66% .

Светската здравствена организација ја проценува светската преваленца на аутизам кај деца на 1%, што е зголемување од 0,62% во 2012 година.

20 ноември 2025 - 13:00