Доколку имате мака со сонот добро знаете дека обидот да заспиете е најсигурниот начин да не успеете во тоа - колку повеќе се препелкате во креветот, толку е посигурно дека нема да заспиете. Но изгледа дека има едно контраинтуитивно решение за несоницата. Трикот да заспиеш можеби е баш во тоа да се трудиш да останеш - буден.
Оваа стратегија е бихејвиорална терапевтска техника, со супер име - „парадоксална намера“. Парадоксот се состои во тоа што мачејќи се да останете будни, заспивате како бајче. Терапијата била тестирана во мала студија од 2003, објавена во списанието „Бихејвиорална и когнитивна психотерапија“, врз основа на кој е направено ова кратко но инструктивно видео:
Истражувачите зеле 34 хронично ненаспани и ги поделиле во две групи - на едните им било кажано да заспијат нормално, а на другата да се обидуваат да останат будни (со лежење во кревет со отворени очи, но без надворешни стимуланси или скокање за да се остане буден), стратегии кои тие требало да ги применуваат во следните 14 денови. На крајот од тој период, групата којашто се обидувала да остане будна известила дека побргу заспивала и била помалку анскиозна околу спиењето, што значи и дека спиела подобро.
Иако овие резултати се субјективни, Американската академија за медицина на сонот известува дека постојат доволно докази во корист на стратегијата на „парадоксална намера“, и дека таа е ефикасна терапија којашто се препорачува. Како што објаснуваат, клучот е во тоа што таа го укинува магичниот круг на анксиозност, којшто почнува секогаш кога некој намерно се обидува да заспие. Сепак, следниот пат кога ќе се обидете да заспиете со тоа што ќе се трудите да останете будни, имајте предвид дека притоа не е дозволено гледање во компјутер или во мобилен, гледање телевизија или читање. Се препорачува само лежење со очи ширум отворени.
Ако звучи досадно, такво е.
А денски читнете ја "Знаци крај патот" од Андриќ, во човекот ќе си најдете соборец кој мака мачел на иста тема а во книгата има многу луди цртички од таквите моменти.