Балкански предбрачен договор

Член 5.
Телефонските разговори, доколку траат пократко од 10 минути се обавуваат во просторија во која во тој миг не сум присутен. Доколку се подолги од 10 минути - на терасата.
Член 11.
Киселиот купус не смрди и се става става секоја година.
Член 17.
Инцидент од типот доаѓање на твоите родители смее да се случи само на детските родендени и во случај на семејна трагедија од огромни размери.

Член 1
Гледањето серија е дозволено само во репризен термин, и под услов тој да е меѓу 2:00 и 5:00 по средноевропско. Тонот не е дозволен.

Член 2
Гледање на ријалити шоу програма не е дозволено ни во главен, ни во репризен термин, затоа што го контаминира мозокот што може да има несогледливи последици по понатамошниот живот.

Член 3
Мирот и тишината во тек на гледање фудбалски натпревар е од витално значење за мир и тишина во куќа. Во тој период влезот на другарки во куќа е најстрого забранет, затоа што неколку од нив можат да направат поголема врева од 50 000 пијани Турци на дерби Фенербахче - Галатасарај.

Член 4
Додека се гледа телевизија, сосема е нормално нозете да бидат качени на маса.

Член 5
Телефонските разговори, доколку траат пократко од 10 минути се обавуваат во просторија во која во тој миг не сум присутен. Доколку се подолги од 10 минути - на терасата.

Член 6
Ронките ќе бидат исчистени подоцна.

Член 7
Гаќите и чорапите ќе бидат тргнати утре.

Член 8
Раката од гаќите нема да биде извадена никад.

Член 9
Две ракии пред ручек и едно пиво после се традиционален ритуал во мојата фамилија, и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така е неизоставно.

Член 10
Ручекот го готвиш ти. Гаќите ги переш ти. Пеглаш ти. Куќата ја чистиш ти. Јас цепам дрва, внесувам јаглен, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци.

Член 11
Киселиот купус не смрди и се става става секоја година.

Член 12
Кумот во куќа е пожелен к'о хуманитарна помош во Сомалија.

Член 13
Пушењето во куќата е дозволено во неограничени количества и во сите простории.

Член 14
Пушењето во куќата е пожелно во неограничени количества и во сите простории.

Член 15
Набавката на какво и да е џуџесто куче, на кое зиме му се облекуваат џемпери и му се ставаат капи да не добие бронхит или запаление на јајници е непремостив атак на угледот и достоинството на семејството.

Член 16
На синот ја му давам име! На ќерка ти можеш ти, а може таа и сама на себе кога ќе порасне, затоа што до тогаш секако ќе ја викам 'сине'.

Член 17
Инцидент од типот доаѓање на твоите родители смее да се случи само на детските родендени и во случај на семејна трагедија од огромни размери. Нивното ненајавено доаѓање е незамисливо.

Член 18
Ако сме двајцата во кола, возам само јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна а јас пијан, повторно возам јас.

Член 19
Друштвото е институција. Затоа постои обврска барем еднаш неделно со нив да одам во кафана. Ти исто така имаш обврска барем еднаш неделно да одиш некаде, со кого и да е, за да произведеме уште еден ден неделно во кој не сме заедно.

Член 20
На веселби како слави, свадби и колење свињи не е срамота да се пие. Срамота е да не се пие.

Член 21
Сексуалните односи се одвиваат не почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат на школо, само кога ќе добијат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет- кога ќе дипломираат.

Со љубов, твојот драг иден маж

__________________________________

 

16 март 2012 - 15:59