Анализата е направена од еден поранешен програмер на Микрософт кој до неа дошол пресметувајќи ја позицијата и платата на секој од учесниците на еден состанок.
Самите програмери се жалат дека состаноците се најлошо нешто што може да му се случи на еден "производител" (под овој термин се подразбираат програмери, администратори, дизајнери и слични професии).
"Кога работиш по распоред на 'производител,' состаноците се најголемата катастрофа што може да те снајде, бидејќи тие ти го прекинуваат креативниот тек. Не можеш да напишеш или да програмираш за еден час. Ова е едвај доволно време за да почнеш нешто," пишува во својот есеј Пол Грем, програмер и ко-основач на Y-Combinator.
Компаниите со класична менаџерска хиерархија (што значи непотребно многу состаноци) веќе одамна имаат проблем да вработат некои од најдобрите програмери на пазарот, заради лошо поставената организација.
"Намалувањето на бројот на состаноци со менаџерите значи давање повеќе моќ за одлучување во рацете на луѓето кои всушност го градат производот. Одговорноста е добра работа," објаснува Мајк Абот, поранешен вработен во Твитер и Палм, и партнер во еден инвестициски фонд.
Лери Пејџ ги ограничи состаноците на максимум 10 учесници и побара од секој менаџер да нагласи кои се целите на состанокот пред закажување. Слично, Фејсбук има правило на "слободна среда" кога програмерите се поттикнати да "останат фокусирани на создавање на производот."