Во интервју за Холивуд Репортер ги објаснува проблемите со парите на почетокот од кариерата:
"Годината кога СНЛ ме одби (1993-та) беше истата година кога речиси секој клуб за комичари во Њујорк се затвори, и ова беше еден од моментите кога навистина помислив 'веројатно ќе морам да се откажам од ова.' Почетокот на 90-те беше ужасен. Селар и Стрип беа единствените клубови што преживеаа и тие беа празни. Речиси 5 години од мојот живот, јас гладував. Ќе настапам во клуб и газдата нема да ми плати. Ќе речам 'Каде се парите?' а тој ќе ми одговореше 'едноставно не ти плаќам.' Е толку малку моќ имаа комичарите во тоа време. Беше стварно, стварно тешко."
Заради сиромаштијата што ја минал, и кога му тргнало со пари и слава тој не можел да се ослободи од чувството на немаштија:
"Чудно, кога ќе почнеш да имаш успех како стенд-ап, ти само мислиш 'Боже, ми плаќаат 2.500 долари за 7 настапи неделно. Ова е феноменално.' И тогаш ќе почнеш да настапуваш во сали и сфаќаш таму какви пари има.
Следната година можам да направам 12 филмови и пак нема да заработам ниту половина од она што го заработувам на турнеите. Кога прв пат почнав да правам купишта пари, се извадив од памет. Секогаш пред да почне шоуто ми даваа по 10.000 долари во готовина затоа што ми требаше да ги допрам парите. Сакав да имам чувство дека нема само сметки да плаќам. Во таа смисла малку сум како боксерите. Боксерите ќе одат и ќе купат нешто како златен автомобили само затоа што сакаат да се почувствуваат дека сфаќаат што имаат. И некогаш и јас сум така глуп."