- Долгогодишната хрватска правобранителка побара од една месарница во Загреб од својот излог да ја тргне рекламната слика од својот излог на која е претставена Мис Пиги од Мапет шоу.
- Вишња Љубичиќ тврди дека тој лик е навредлив бидејќи е симбол на дискриминацијата на жените.
- „Начинот на кој е прикажан ликот, особено во пределот на нозете, се потпира на обрасци кои можат да бидат препознатливи како сексуализирање. Во таква комбинација, постои преклопување на значења, каде што визуелното може истовремено да се однесува на доживување на телото како парче месо,“ ја транжираше сликата обвинителката Љубичиќ.
- Дали тоа обвинителката ги поистовети жените со свињи? - се прашува хрватски Либерал.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.