Министерството за финансии потврди дека се подготвуваат за издавање нова банкнота од 250 долари на која би се нашол ликот на актуелниот претседател а би била издадена по повод 250 годишнината од раѓањето на нацијата.
Вашингтон пост објави макета од предложената банкнота чиј автор, уметникот Иан Александар кажа дека на Трамп „апсолутно му се допаднала“ (оти е со префинет вкус).
Според федералниот закон, само починати лица можат да се појават на книжни пари, а последниот пат кога таму се нашло живо лице било во 1866 година, кога тогашниот Конгресот забрани таква бесрамна самопромоција.
„Пред американските законодавци е предложена промена на постоечкиот закон за да може жива личност, Доналд Трамп, да се најде на банкнота од 250 долари. Во Министерството за финансии, ние однапред се подготвуваме. Ако законот биде усвоен, ние ќе бидеме подготвени“, изјави министерот за финансии, Скот Бесент.

Вицовите, барем на кинески, сами се пишуваат.
Имено, "250" (二百五,èrbǎiwǔ) на кинески е навредлив збор кој означува будала, глуп, идиот, кретен...
Значи, таман.