"Ова се ситуации во кои не можам да направам избор затоа што сум премногу зафатен обидувајќи се да го замислам перфектниот избор - овој лажен перфекционизам те заробува во една болна амбивалентност: Ако го направиш ова, тогаш другата работа што можев да ја направам станува привлечна. Ама ако ја изберам другата работа, тогаш пак се случува истото. Сето ова е дел од нашата потрошувачка култура. Луѓето го прават ова додека се обидуваат да купат ДВД плеер или да одберат провајдер, ама истото важи и за големите одлуки.
Моето правило е дека ако имаш некој или нешто кое во изборот преовладува со 70% тогаш бирај го тоа. Затоа што, еве што се случува. Фактот што сите други опции веднаш исчезнуваат прави твојот избор стигне до 80%. Затоа што болката на одлучување е готова.
И кога ќе стигнеш до 80% ти продолжуваш да работиш. Го користиш сето свое знаење и така стигнуваш до 85%! А работата, или па посебно ако е во прашање некој човек, секогаш ќе се покаже дека е повеќе отколку што си замислувал. И ова ќе те однесе до 90%. По ова, заглавен си на 90, ама што се замислуваш, господ? Си стигнал до 90. Тоа неверојатно."