- Компанијата за такси превоз со возила без шофер Waymo ги повлече сите роботаксија од автопатите низ САД, откако Калифорнија ги забрани на својата територија како „непосредна опасност за јавната безбедност“.
- Причината се неколку сообраќајни несреќи предизвикани од роботаксијата. На делница од автопатот „101“ навлегле во активна градежна зона, каде што биле имало работници и механизација.
- Пред една недела роботакси на Waymo се обидувало да ги престигне патролните возила што намерно го забавувале сообраќајот на автопатот кај Сан Франциско.
- Waymo управува со такси-возила без возач во 15 градови во САД, но услуги по автопат нудеше само во Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами, Феникс и Остин.
- Компанијата тврди дека нејзините автономни автомобили учествуваат во 95% помалку сообраќајни несреќи со сериозни повреди, во споредба со таксите управувани од луѓе.
- По прекините во авиосообраќајот и банките низ САД поради „технички дефекти“, вчера падна и внатрешната мрежа NSANet на Агенцијата за национална безбедност, преку која агентите за пресретнување комуникации разменуваат најстрого доверливи информации за надгледувани и прислушувани лица.
- НСА синоќа ги затворила канцелариите за повеќето вработени, пропуштајќи само персонал кој е основен за функционирањето, додека се работи на враќање на мрежата.
- Агенцијата категорично тврди дека прекинот не е предизвикан од надворешен кибернетски или хакерски напад, туку дошло до „привремено влошување на перформансите за време на планирано, рутинско одржување“.
- „Иако беа зафатени одредени внатрешни системи, капацитетите клучни за извршување на мисиите остануваат целосно функционални и нашата способност за заштита на националната безбедност продолжува. Инфраструктурата на НСА е дизајнирана со повеќе нивоа со цел да се одржи функционалноста при планирани одржувања или неочекувани настани“, соопшти НСА.
- Секретарот за внатрешна безбедност Марквејн Малин изјави дека неодамнешните прекини во функционирањето на системите во САД се поврзани со вградување на алатки со вештачка интелигенција. „Системите не се дизајнирани за брзината со која денес работи ВИ. Тоа создава преоптоварување и домино-ефект. Кога ќе промените еден елемент во куќата, треба да се сменат и сите останати делови“, изјави Малин.
- Протекување на повеќе од 15 милиони внатрешни документи на „Дојче банк“ откри дека банката системски ги прекршувала прописите и во повеќе наврати овозможувала трансакции за олигарси под санкции, авторитарни режими и Џефри Епстин.
- Во 2019 година, германската банка проследила сомнителни трансфери од 582 милиони долари поврзани со Епстин, кој истата година почина во затвор.
- Во март 2017 година по грешка испратила до свој клиент детали за даночната пријава на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат и на уште 1.585 други корисници на сметки. Клиентот ја пријавил грешката и го избришал документот Пропустот бил прикриен од Белата куќа.
- Досиејата исто така содржат детали за трансакции за кои има сомневања дека се перење пари за руски олигарси.
- Записите откриваат дека банката не пријавила предупредувачки знаци за перење пари во Кипар, Британија, Хонг Конг и Украина, која префрлила стотици милиони евра преку нејзините системи.