Британска тајна ќелија разгорувала конфликти во Украина

The Greyzone на истражувачката легенда Кит Кларенберг дошле до протечени меилови и интерни документи кои ја обелоденуваат тајната рака на британската политика во војната во Украина. Со проценка дека колку подолго војната трае, толку Путин ќе биде послаб, тајна британска ќелија покажала извонредна креативност за тоа како војната да продолжува и да ескалира до недоглед.

Електронска пошта и интерни документи откриваат детали за план на британски воени ветерани и разузнавачки оперативци за продолжување и ескалирање на прокси војната „по секоја цена“.

Собрана под раководство на британското Министерство за одбрана веднаш по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ќелијата се нарекувала Проект Алхемија. Додека британското политичко раководство ги саботирало шансите за мировни преговори меѓу Киев и Москва, ќелијата изнела низа планови како „да се задржи Украина во војна“.

Предложените шеми на Проектот Алхемија го опфаќала секое замисливо поле на војување, од сајбер напади до „дискретни операции“ до отворен тероризам. Тајната ќелија изнела и план за „агресивно следење“ и „растурање“ на независни медиуми - вклучително и The Grayzone - преку агресивна кампања на правно вознемирување и онлајн цензура, така што тие „би биле принудени да затворат“.

Планови биле доставувани до највисоките нивоа на британската државна и национална безбедносна структура, каде што наидувале на топол прием, пишува Кит Кларенберг.

Некои од најекстремните препораки на Project Alchemy веќе се имплементирани, често со катастрофални резултати. Меѓу другото, да се удри врз кримскиот мост Керч, што предизвика Русите да ескалираат и жестоко да возвратат врз електричната инфраструктура на Украина. „Алхемија“ исто така, предлагала формирање тајна украинска армија која би изведувала атентати, саботажи и терор операции зад непријателските линии.

Резонирале дека колку подолго продолжува прокси-војната, толку повеќе „паѓа кредибилитетот на рускиот претседател Владимир Путин дома и во странство, а неговата способност да се бори против НАТО е деградирана“.

„Гамбитот на „Проект Алхемија“ очигледно резултираше со контраефект, бидејќи Путин останува популарен во Русија, додека украинската армија која се распаѓа, секој ден губи територии и покрај постојаното вооружување од Западот. Но, воените планери во Лондон остануваат цврсто посветени на ескалација“, пишува Кларенберг.

Алхемија е основан по лична наредба на генералот Чарли Стикланд, одговорен за „планирање, извршување и интегрирање на заедничките и мултинационалните воени операции предводени од Обединетото Кралство“ како шеф на Постојаниот заеднички штаб на Велика Британија. Првиот состанок на Project Alchemy бил на 26 февруари 2022 година, само неколку дена откако руските трупи го направија својот прв напад во Украина. Небитно, ама еве и ова: во својот потпис на меилот, генералот се идентификува себеси како „LGBTQ+ застапник“ во текст во боја на виножито.

Има уште многу занимливи детали во текстот на Greyzone.

18 ноември 2024 - 17:06