Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете

„Сакате да се борите против климатските промени? Имајте помалку деца!“ порачува британски Гардијан во статија која пренесува која ставка колку ја спасува климата. Бадијала рециклирате, бадијала ставате свеетилки кои штедат, бадијала планирате да се префрлите на електричен автомобил. Ако паралелно со тоа направите и добиете уште едно дете, сè сте упропастиле. 

Најголемиот ефект што поединци можат да го дадат во борбата против климатските промени е да имаат едно дете помалку, пишува уредникот на еко-рубриката на Гардијан, пренесувајќи резултати од една нова студија која ги идентификувала најефикасните начини на кои луѓето можат да ги намалат емисиите на јаглерод.

Корисни активности се продавање на вашиот автомобил, избегнување долги летови и вегетаријанска исхрана, но тие не не се ни приближно до „ќарот“ ако се ускратите за едно дете.

Да не зборуваме за вообичаените зелени активности, како што е рециклирањето, користењето ниско-енергетски светилки или начинот на кој се сушат алишта кои се апсолутно инфериорни методи во споредба со одлуката да не се донесе на планетава уште едно живо и здраво дете. 

Според „зелената агенда“, до 2050-та емисиите мора да паднат на два тона CO2 по лице, за да се избегне сериозно глобално затоплување. Во САД и Австралија емисиите моментално се 16 тони пер капита, а во Велика Британија седум.

Убедливо најголемото влијание е да се има едно дете помалку, што е еднакво на намалување од 58 тони CO2 за секоја година од животот на родителот. Другите ставки не се ни до колена на оваа „благородна“ еко одлука.

Некои пак, нешто друго забележаа во графичката опрема на текстовите на Гардијан. Дека ова веројатно е единствениот контекст во кој можат да стават слика на бело семејство:

 

19 јуни 2023 - 13:59