85% од светската енергија моментално доаѓа од фосилни горива. Многу западни влади се имаат обврзано во скора иднина да воспостават нулта емисија („нет зеро“) на јаглерод диоксид; Америка и Британија веруваат дека ќе успеат во тоа до 2050 година. Тоа значи напуштање на традиционалните електрани и потпирање на соларни и ветерни паркови.
Тие планови, како што предупредува Брајан Лејланд, британски стручњак со 60 годишно искуство во енергетската индустрија, имаат една фатална мана: се потпираат на уверувањето дека (ќе) постои достапен начин на складирање на вишокот струја.
Производството на струја во ветро парковите често паѓа и под 10 посто од прогласениот капацитет. Соларното производство комплетно исчезнува ноќе и 50% во облачни денови. Земјите со традиционални електрани им ги позајмуваат своите вишоци на земјите кои се потпираат на алтернативните и се создава впечаток дека овие системи се сосема функционални, а во стварноста тоа е позајмена и скапа струја.
За обвновливите извори постои едно решение: да се направат огромни акумулатори за чување на енергијата.
На Калифорнија би ѝ требале над 200 мегават часови во акумулатори за секој инсталиран мегават во соларни и ветерни извори. На Германија околу 150 мегавати.
Актуелната цена на акумулација во акумулатори е околу 600.000 долари по мегават-час. Тоа значи дека за секој калифорниски мегават-час би требало да се издвојат 120 милиони долари за чување во акумулатори.
„Струјата добиена од ветар чини околу 1,5 милиони долари по мегават-час а цената на чување во акумулатори би била астрономска: 80 пати поголема отколку што чини ветро-турбината,“ пишува Синиша Љепојевиќ.
И клучно: толкав број акумулатори едноставно не постојат. Нема толку литиум, кобалт и други ретки метали на пазарот. И да ги има, цените би биле астрономски.
Британскиот стручњак вели дека ако не се случи некое чудо, на повидок нема решение за прифатливо складирање. Денешното верување дека такво чудо ќе се случи е слично на ситуација да скокнеш од авион без падобран, со надеж дека додека паѓаш, падобранот ќе биде измислен, ќе ти биде доставен и ќе успееш да го отвориш пред да треснеш.
Ветерот и сонцето треба да имаат комплетна поддршка но фамозниот „нет зеро“ никогаш нема да биде постигнат, заклучува тој.