Третманот кој мина низ Долниот дом на парламентот во Рим предвидува тој да биде консензуален, да може да се поништи и да има цел да го намали ризикот од повторно извршување на делото. Како дел од законот предвидено и основање на релевантен комитет.
Од доаѓањето на власт во 2022 владата на Џорџија Мелони воведе закони со кои се утврдија десетици нови кривични дела а постојните казни се зголемија.
Предлогот за силувачите дојде од Лигата, еден од коалиционите партнери на Мелони, за кои хемиската кастрација на силувачи и педофили е еден од клучните столбови на нивната платформа.
Хемиската кастрација се состои од давање лекарства кои го спречуваат ослободувањето хормони што го стимулираат производството на тестостерон, и со тоа го симнуваат нивото на либидото.
Задолжителната хемиска кастрација е дозволена во Русија, Полска и одредени сојузни држави на САД.