Актуелните постави на Пентагон и ЦИА просто обожаваат да користат беспилотни борбени летала. Седи некој некаде и со џојстик ја наведува смртоносната птица која носи заебана количина експлозив.
На тој начин, шанси за жртви во своите редови речиси не постојат а за невини жртви на другата страна – јеби га, се случува. А се случи на бааги места, во Пакистан, Афганистан, Ирак, Јемен и Сомалија, нешто порано и во Србија.
Заради ова, официјални лица од ОН во 2010та изјавија дека потезите на ЦИА во Пакистан ги направија САД "најинтензивни корисници на таргетирано убивање во светот".
Перјаници на денешните убиствени дронови се Предатор и Рипер. Секој од нив носи или 45 килограми ласерски наведувани ракети Hellfire или пак 250 килограми GPS наведувани "паметни бомби" кои една зграда за секунда можат да ја претворат во нешто што личи на лицето на Кит Ричардс после пијанка.
Но, Предаторот и Риперот имаат свои мани. Некој некаде треба да лоцира неперијател, па да јави на дежурниот, па овој да седне и да се фати за џојстик. Некогаш дроновите треба да летаат по неколку стотици километри и сето тоа е малку губење време.
Затоа, новите генерации дронови перфектно го решаваат овој проблем. Се викаат Switchblade, а веќе нагалено ги викаат Камиказе дронови. Во однос на Предаторите се супер мали и лесни. Големи колку модел од авионче; долги 61 сантиметар а тежат само 2,7 килограми. Името им доаѓа од тоа што крилјата им се расклопуваат па чудото го собира во стандарден војнички ранец.
Ниту јавување кај дежурниот, ниту ништо. Го вадиш дронот од ранец и го испукуваш со било која направа како зоља/минофрлач. Штом се најде во воздух, дронот ти пушта видео сигнал и ГПС координати а штом целта е утврдена, стискаш ентер за да пикира.
Нивните симпатизери велат: на тој начин се крати целата командна структура на еден напад и можните грешките во комуникациите. Опонентите одговараат: да, ама затоа одговорноста за ликвидациите на луѓе се спуштаат на понизок ранг војници.
Во секој случај, во рамките на еден 10 милионски вреден договор за воена опрема, 50 пробни Свичблејдови летово ќе бидат испратени во воената зона во Афганистан.
Таму веројатно најмалку кошта да се проба.