Убаво и на моменти нереално звучеше скорот на Македонија против Италија од една победа, две нерешени и само еден пораз.
Но Италијанците тоа го расипаа, на најдобар можен начин со петарда во мрежата на Столе Димитриевски. Македонија - Италија конечни 5:2 во претпоследното квалификациско коло за ЕП 2024.
Натпревар кој практично беше решен по првите 45 минути во кои домаќините ја потврдија фаворитската улога со водство од 3:0.
Резултатот го отвори Дармијан по 17 минути игра, а потоа следуваа два гола на Киеза во финишот на првиот дел. Можеше да биде и 4:0, но Димитриевски му фати пенал на Жоржињо.
Македонските фудбалери никаде ги немаше, одиграа очајно прво полувреме и практично не ја ни допреа топката. Италијанците доминираа со речиси 70% посед на топка и вкупно 11 удари кон гол.
Но сепак, имавме и ние моменти за одбележување, а тоа се двата гола на Јани Атанасов кој погоди во 52 и 74 минута. 3:2 на семафорот не изгледаше лошо и апетитите беа да се направи уште едно изненадување барем со бод.
Но Распадори тоа не го дозволи и во 81-та зголеми на 4:2. Кога натпреварот веќе беше решен, прекрасната атмосфера со 56.000 публика на Олимпико ја Рим, ја разубави Ел Шарави со петти погодок во 93-та минута.
Филип Нацоски, Рим