Зад спотот стои Ангел Апостолски, наш дечко кој е движечка сила во бугарската видео продукција Push Pull, еден од најспособните регионални играчи во оваа област.
Имаат триста одлични чуда направено, од реклами па до спотови и филмчиња. Истовремено и креативни и во полна работна кондиција.
Накратко, многу ни избегаа.
Сајтот им е тука, на Вимео можете да ги разгледате тука а задолжително ѕирнете го нивниот спот за Линдеман (аха, вокалистот на Рамштајн).
Уште еден доказ дека кога ги води наш човек, Бугарите знаат маестрални работи да направат.
Браво Ангел, браво браќа и сестри.