Не само теренот кој беше во најлоша состојба, туку гнев на Италијанците пред стартот на средбата имаше и за химната на Италија. Ја испеа акапела Барбара Поповиќ, која учествуваше на јуниорска Евровизија во 2013-та, без музика и на непријателски стадион, кој ја исвиркуваше од почеток до крај, пишува Кориере дело Спорт.
Дел од коментарите на социјалните мрежи се:
„Во Македонија музички сме во загуба“.
„Оваа национална химна е многу караоке“.
„Изборот да има национална химна е промашен дипломатски инцидент“.
Накратко, одлуката химната да се пее акапела дефинитивно падна на испит, завршува еминентниот италијански весник.