Официјално овие 4 седмици се „најмалку“ а ако треба вонредната состојба ќе биде продолжена. Според Макрон ставање на целата земја под клуч би било „несразмерна“ реакција.
Меѓу другите мерки што ги најави Макрон е ограничување на максимум 6 лица на семејни собири, а и покрај полицискиот час ќе биде дозволено патување во Франција и посета на викендици.
Денес француското министерство за здравство објави дека има 22.951 нов случај на ковид-19 и дека се пополнети 32% од француските капацитети за интензивна нега. Ова е трет пат во последните 6 дена како бројот на ново-заразени во Франција ја надминува бројката од 20.000
Макрон порача дека целта е бројот на нови случаи да се намали на 3 до 5 илјади дневно.
Моментално во Франција има над 779 илјади потврдени случаи на ковид-19 и вкупно 33.037 смртни случаи.
На списокот за затворање, освен Париз се: Руан, Лил, Сент Етјен, Гренобл, Монпеље, Марсеј и Тулуз. Претходната вонредна состојба во Франција заврши на 10 јули.
Во Холандија воведно е ограничено работно време на кафулињата и рестораните кои треба да затворат во 22 часот. Додека Каталонија донесе одлука за целосно затворање на угостителски објекти во следните 15 дена.
Чешка, која има највисока стапка на заразени на ниво на ЕУ во изминатите две недели, ги затвори и училиштата и баровите