Таг: коронавирус

Билансот од ковид и вакцините кај германските деца

На барање на АФД министерството за здравство на Долна Саксонија објави како пандемијата, мерките против истата и вакцините влијаеа на тамошните деца.

За еден ден Кина имала 37 милиони новозаразени од ковид

Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.

Кина уште базуки нема извадено против коронавирусот

Снимка од едно поново дезинфицирање на објект во Кина.

И во нови документи Вухан кабает за ковид-19

Научници од Вухан изучувале вирусни примероци од високоризични видови на лилјаци од Лаос, државата во која е откриен најблискиот роднина на ковид-19.

900 страници документи за американските експерименти во Вухан

Документите не се протечени туку се добиени по основа на слободен пристап до информации, и откриваат детали за американското финансирање на експерименти со неколку видови на коронавируси во Институтот за вирологија во Вухан.

Израел размислува за 4-та доза, веројатно не и последна

Од ковид-19 нема куртулување па затоа земјата уште од сега треба да почне со подготовки за давање на четврта доза од вакцината, порачува првиот човек на Израел за борба против корона, професор Салман Зарка.

Лупаат Американци, ама лупаат и Кинези

По вчерашната објава дека американската шпионска машинерија не успеала да дојде до очекуваниот исход од истрагата за потеклото на коронавирусот, кинеската државна телевизија ЦГТН објави едно фино склопено пропагандно парче во кое објаснува дека целата истрага е политичка, ем е спротивна на резултатите од истрагата на СЗО (ха!), ем дека е познато како Американците истражуваат (пример кога најдоа оружје за масовно истражување), ем што не си проверат по дома (Форт Дерик).

Русите на крај ја оплескаа со Спутник вакцината

Не, не, вакцината уште е добра, уште го има високиот процент на имунизирање, и уште важи сето тоа што беше објавено по светските медицински журнали, и уште се произведува и се вакцинираат луѓе со неа, само неодамна насоките околу Спутник вакцината беа надополнети со неочекувано ново правило - вакцинираните 2 месеца не смеат да пијат алкохол.

Ковид студија што производителите на средство за плакнење уста едвај ја чекаа

Откритието на научниците од Универзитетот во Кардиф е дека средството за плакнење уста (mouthwash) што содржи 0,07% цетилридиниум хлорид го убива коронавирусот во рок од 30 секунди.

Макрон повторно го враќа Париз под вонредна состојба

Жителите на Париз и уште осум други градови ќе мора да седат дома секој ден во следните 4 недели од 21:00 до 6:00 наутро, откако само денес во Франција беа потврдени 22.951 нов случај на ковид-19.

Се бара здрава концертна публика за германски коронавирус експеримент

Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.

Австралија го става Мелбурн шест седмици под клуч

Почнувајќи од четврток на полноќ цел Мелбурн се затвора, а жителите на вториот по големина град во Австралија ќе смеат да излезат од дома само за да одат на работа, до продавница, ако се грижат за некое лице или за да вежбаат. Мерките се воведуваат откако 6,4-милионската сојузна држава Викторија во вторникот имаше рекордни 191 нов случај.

Можеш до утре да си ѕвезда, казнет си 50.000 фунти и еден меч неиграње

Прес конференцијата на Жозе Мурињо преку видео-повик со новинарите во Лондон уште еднаш наврати на темата за случајот со Деле Али, фудбалерот кој ќе го пропушти големото дерби против Манчестер Јунајтед во петок поради глупост.

Зошто луѓево се однесуваат ко да нема коронавирус?

Продавниците се отвораат, а луѓето го игнорираат социјалното дистанцирање. Ова ги исполнува попретпазливите, како мене, со длабока вознемиреност.

Глобалното раздавање колачи со оптимистични пораки

Од плажите на Рио до штала во Флорида, од шума во Финска до аеродром во Шангај, се одвива проект кој вклучува онакви кинески колачиња со ливче на кое се претскажува судбината.

Половина од жителите во жариштата во Италија се позитивни на антитела

Над половина од населението на Бергамо, каде што е спроведено истражувањето, имаат ковид-19 антитела, објавуваат италијанските здравствени власти.

Комунистите го наслутија планот за чипирање со вакцини против коронавирусот

Лидерот на руската Комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, верува дека евентуалната вакцина против коронавирусот е дел од капиталистичка завера за чипирање на човештвото што пак ќе осигури негово „дигитално поробување“.

Италија ќе прави кодоши од невработените

Планот е армијата од 60.000 кодоши кои ќе треба да го набљудуваат спроведувањето на мерките за социјално дистанцирање да биде главно составена од невработени.

Музеј на КОВИД-19: како историчарите ја документираат пандемијата

Колку и да звучи грубо, периодов е „златна кокошка“ за агилните етнолози, историчари и хроничари. Под „агилни“ мислиме на таквите кои не чекаат нешто да биде со декрет прогласено за историски релевантно за да почнат да се занимаваат со него. И притоа да загубат скапоцено време.

Како Виетнам со претерување го порази ковид-19

Земјата има 97 милиони жители, и е прв комшија со Кина со која има над 1.440 километри копнена граница, а и покрај сето ова Виетнам до сега на своја почва имаше нешто над 300 случаи на ковид-19 (вкупно), ниту еден мртов и речиси цел месец нема регистрирано ново пренесување на болеста.

Вухан планира како да ги тестира сите 11 милиони жители

Плановите се во почетна фаза но за сега ја опфаќаат целата популација на градот, и веќе од сите области на градот е побарано да испратат детали за тоа како би можело тестирањето да биде спроведено во рок од 10 дена.

Почетокот на де-глобализацијата

По само неколку месеци паника околу коронавирус и нарушување на глобалното снабдување, сигурноста на производството стана поважна отколку ефикасноста на производството, односно на никого не му вреди што нешто е поевтино и побрзо произведено во Кина, ако тоа не може да го донесе дома.

Пентагон создаде тест што ги открива носителите на ковид-19 пред да станат заразни

Ветувањето е дека тестот, преку крв, може да утврди присуство на вирусот на 24 часа по заразувањето, период во кој луѓето се уште не покажуваат симптоми и неколку дена пред носителот да може да го шири вирусот на други луѓе.

Порнхаб ќе помага во борбата против коронавирусот со „најчистото порно на сите времиња“

Интернет порно престолнината која многу повеќе помогна во истрпување на мерките за израмнување на кривата отколку која било влада или светски лидер, сега има нов проект чија цел е да „останете чисти дури и кога сте валкани“.