Во однос на другите тестови, откритието на американската армија го открива носителот на вирус 4 дена порано.
Тестот произлегува од проект на ДАРПА, агенцијата на американската војска задолжена за „напредно истражување“, чија цел била „рапидна дијагноза на труење од хемиско и бактериско војување“. Почетното истражување било итно пренаменето кога стартува пандемијата, а новите тестови се очекува во текот на една седмица по итна постапка да добијат одобрување од ФДА (Food and Drug Administration).
Иако тестот има сериозни ветувања, и би можел комплетно да го промени начинот на кој светот се бори против коронавирусот од ДАРПА предупредуваат дека мора да се чека одобрението од ФДА за да може тестот да се употреби во пракса и да се види колку рано може да го открие вирусот.
Објаснувањето на истражувачите од Маунт Синај болницата во Њујорк кои исто работат на проектот е дека пристапот на овој тест, кој проверува како телото се бори против ковид-19, треба да даде порани резултати отколку сегашните тестови кои преку примероци земени од нос се обидуваат да го пронајдат вирусот.
„Затоа што имунитетот реагира веднаш по инфекцијата, се очекува дека кодот на ковид порано ќе обезбеди посензитивно откривање на ковид инфекцијата,“ објаснуваат од докторите.
Пуштањето на тестот во оптек во САД се очекува да биде во втората половина на мај.