Таг: ковид-19

Ковид-19 потекнува од лабораторија во Северна Каролина?

Поранешниот директор на ЦДЦ од времето на Трамп, Роберт Редфилд, верува дека ковид-19 е создаден во лабораторија во Северна Каролина, како дел од тајна програма за биолошка одбрана.

Закерберг жали што цензурирал ковид содржини под притисок од Белата куќа

Првиот човек на Фејсбук во писмо до американските власти порачал дека посакува да бил многу поотворен околу администрацијата на Бајден и нејзините притисоци да се цензурираат содржини за време на пандемијата.

Астразенека има нешто да признае околу вакцината на Астразенека

За прв пат и чисто заради тужба дека нејзината вакцина против ковид предизвикала смрт и сериозни повреди во десетици случаи, Астразенека во судски документи признава дека вакцината предизвикала ретки нус-појави.

Ковид стана грип

Новите насоки од американскиот Центар за контрола на болести се дека четири години по почетокот на најголемата глобална пандемија на нашето време, ковидот веќе може да се третира на ист начин и мерки како и сезонскиот грип,

Ковид дистанцирањето повеќе било претпоставка отколку наука

Препораката за 2 метра раздвоеност меѓу луѓе за време на пандемијата на ковид едноставно сама од себе се појавила без некаква научна основа, признал Ентони Фаучи на сведочењето пред Конгресот.

САД го објавија извештајот на разузнавачите за потеклото на ковид

Декласификуваниот извештај од истрагата на американската разузнавачка заедница покажува дека појавата на болеста кај тројца научници од лабораторијата во Вухан на крајот во 2019 ниту ја потврдува ниту ја негира теоријата дека ковид потекнува од лабораторија.

Ковид вакцините не се потребни за здрави деца и тинејџери, ако ја прашуваш СЗО

Светската здравствена организација објави нови насоки за вакцинирање кои воведуваат три групи на приоритет (висока, средна и ниска) во однос на ризикот од смрт и сериозно заболување, со кои се укинува потребата од ковид вакцина за сите од 6-месечна до 17-годишна возраст што инаку се здрави.

Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Би-би-си е еден од заговорниците во кампањата за преплашување на Британија

Не се работеше за наука, туку за политика. И тоа беше очигледно во моментот кога владата почна да зборува за следење на науката како тоа да е непомерливо тело на вистината. Никој што се разбира во наука не би можел да каже такво нешто освен ако не е дел од кампања со цел за намерно лажење на јавноста.

10 „факти“ што ги верглаа ковид експертите кои излегоа дека се неточни

Кривицата на одговорните за јавно здравје не е тоа што давале препораки за пандемијата врз основа на она што го знаеле во тоа време, кривицата е што одбиле да ги сменат тие препораки кога добиле нови докази, и тоа што кога студии не ги поддржувале нивните политики биле отфрлени или цензурирани.

Знаеш дека човекот кажал нешто точно кога насловите се вакви

Вуди Харелсон беше неделниот гостин на СНЛ и по воведниот (комичен) монолог веднаш се најде на повеќе насловни страни на американски медиуми, главно за делот во кој зборуваше за сценарио на филм што му текнало кога бил надуван.

1 во 45.000

Толку изнесувал ризикот од  смртен исход од коронавирусот пред вакцините. Не кај младите, не кај оние до 20 или до 30 години, туку за сите на возраст до 50 години. Еден во четириесет и пет илјади.  „Зарем не ви е драго што цел свет се испозаклучивме толку време?“, иронично прашува Алекс Беренсон пренесувајќи резултати од една сериозна холандска студија. 

Прво ќе те тераат да носиш маски, после ќе ти зборат дека си ружен што ги носиш

Грдите (официјално „неатрактивните“) луѓе е многу поверојатно да сакаат да продолжат да носат заштитни маски и по завршувањето на ковид пандемијата, за разлика од оние кои не мора да се кријат зад пандемијата.

За еден ден Кина имала 37 милиони новозаразени од ковид

Во првите 20 дена од декември од ковид се заразиле 248 милиони Кинези или речиси 18% од населението на земјата, се тврди во белешките од состанокот на кинеската Комисија за национално здравје, од кои само во еден ден биле откриени 37 милиони нови случаи.

И да врне и да вее и бура да коси, ПЦР тест ќе се прави

Зошто Кинезите се толку одлучни да прават тест по секоја цена? Затоа што одењето во карантин е далеку полошо отколку дремењето на улица и снег и дожд и сонце за да те тестираат.

Директорот на Фајзер укорен заради „лажливи“ изјави околу детските вакцини

Тврдењето на ЦЕО-то Алберт Борула дека децата на возраст од 5 до 11 години имаат корист од вакцинацијата ја имаат наведено јавноста на погрешно мислење, порачуваат британските медицинари.

Европа пред „епидемија на рак“ заради пропустите во ковид годините

За време на пандемијата во Европа се пропуштени 100 милиони проверки за рак, од кои веројатно 1 милион би завршиле со дијагностицирање на болеста, заради што континентот се соочува со „епидемија на рак“.

Кина уште се бори против ковид... со ќотек

За волја на вистината и во остатокот на светот да не попуштеа мерките за борба против ковид како што е во Кина, секаде идентично вака ќе му беше смачено на народ.

Американскиот Сенат го врати ковид на „протечен од лабораторија“

Извештајот од истрагата на комисијата на американскиот Сенат заклучува дека ковид-19 вирусот „е поверојатно, отколку што не е“ дека е протечен од лабораторија.

Колатералната штета од начинот на кој се боревме против пандемијата

Бројките се такви какви што се, но една од поважните пораки што Бил Маер сака да ја пренесе е дека колатералната штета не е од пандемијата, туку од начинот на кој ние се справивме со пандемијата, бидејќи тие протоколи не се напишани во камен.

Пандемијата збриша 20 години училиштен напредок во математика и читање

Резултатите од американските национални тестови покажале дека математиката и читањето на 9-годишните ученици паднало на нивоа од пред две децении.

Како изгледа кога 21 милион Кинези треба да купат за карантин

Кина под карантин стави цел град со популација колку екс-Ју за да го спречи ширењето на ковид-19. Се работи за 21-милионскиот Ченгду, кој е најголемиот град по Шангај на кој Пекинг му препиша масовен карантин. А затоа што не се знае што ќе се случува, цел град се даде на шопинг.