Истражувачите од Универзитетот на Јужна Кореја заинтересирани за темава им даваат на испитаници да пополнат три прашалници околу тоа колку тие се чувствуваат привлечно и колку имаат намера да носат маска во различни сценарија.
Добиваат резултат дека младите и средовечни Американци кои себе се сметаат за атрактивни „веруваат дека носењето маска им наштетува на нивните шанси да остават позитивен впечаток кај другите.“
Од друга страна, луѓето кои не се сметаат себе си за атрактивни повеќе се склони да веруваат дека маските всушност го подобруваат нивниот изглед.
На студијата и претходи едно друго, многу понаучно, истражување кое покажа дека маските направиле многу мала или воопшто не направиле разлика кај пренесувањето ковид или бројот на починати.
Дури и во пикот на носењето маски и законите кои го казнуваа избегнувањето на истото, немаше сериозни докази кои покажуваат дека маските се ефикасни во спречување на ширење на заразата меѓу населението.
Пример во САД маските се уште се задолжителни за носење во училишта во некои сојузни држави, а ЦДЦ препорачува тие да се носат на места со големи гужви како јавен превоз. Постарите Американци и луѓето со компромитиран имунитет исто така се поттикнати да носат маски.
Во заклучокот на студијата објавена во „Фронтиерс оф психолоџи“ авторите пишуваат:
„Севкупно, имаме ново откритие дека себе-перципираната привлечност има значително влијание на намерата да се носи маска преку убедувањето за привлечност со маска по завршувањето на ковид-19.
Едно откритие покажува дека носењето маска може да се преадаптира од тоа да биде мерка за заштита за време на пандемијата на ковид во тактика за претставување на самиот себе по завршување на пандемијата.“