Затворени 15 сендвичарници во близина на школи
16 ноември 2025
- По 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна.
- 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи биле запленети и уништени.
-
Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.
-
Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.
-
Изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра