За заболените од ковид веќе не треба задолжителна изолација од 5 дена, односно пациентот треба да остане дома додека не мине еден ден без треска а симптомите почнат да се подобруваат. Во следните пет дена надвор треба да се носи маска и да се ограничи блискиот контакт со други лица.
Иако ковид останува „важна закана за јавното здравје,“ неговото влијание врз здравјето „е слично со она од други респираторни заболувања како инфлуенца“.
И покрај новите препораки кои доаѓаат во време кога речиси сите заборавија на носење маски, тестирање и изолација, од ЦДЦ објаснуваат дека стапката на смртни случаи од ковид-19 останува повисока отколку од грип, меѓутоа е далеку помала отколку од почетокот на пандемијата.
Од ЦДЦ предупредуваат дека ковидот и понатаму е посериозна болест од грипот и остава потрајни последици, од која и понатаму умираат 1.000 луѓе неделно.
Новите опуштени насоки не важат за здравствените установи, вклучително и старечките домови.