Првиот од повеќето случаи поднесени против Астразенека е од татко на две деца, Џејми Скот, кој по примање на вакцината во април 2021 добива трајно оштетување на мозокот како резултат на згрутчување на крвта и крварење во мозокот. Откако е хоспитализиран, болницата во три наврати и се јавува на сопругата на Скот за да ја извести дека тој ќе умре.
Астразенека ги отфрла обвиненијата од Скот, меѓутоа во правни документи поднесени до британските судови како дел од случајот признава дека нејзината ковид вакцина „може, во многу ретки случаи да предизвика ТТС.“ ТТС е кратенка за Тромбоза и тромбоцитопенија синдром кој кај луѓето предизвикува згрутчување на крвта.
До сега пред британскиот Висок суд се поднесени 51 случај против Астразенека во кој жртвите и семејствата на починатите бараат отштета од 100 милиони фунти.
Признанието на Астразенека може да доведе до исплаќање на отштета доколку компанијата прифати дека вакцината ги предизвикала проблемите и смртта за кои е обвинета. Британската влада претходно вети дека ќе ги покрие правните трошоци на Астразенека.
За сега адвокатите на Астразенека „не признаваат дека ТТС е предизвикано од вакцината на генеричко ниво,“ додека во делот кај што пишуваат дека е можно ама ретко, да предизвикаат ТТС, компанијата дополнува дека „ТТС може да се појави и во отсуство на АЗ вакцина (или која било вакцина). Причината кај која било единка ќе биде предмет на експертски докази“.