Македонија цела да е:

Битола и Тетово го поделија парламентарното прасе

И после Теарце, резултатите на врвот на нашиот Парламентарен типстер останаа исти. Два истоветни резултати, со точно погодени 117 од 120 пратенички места. На нашето прашање дали победникот да го одредиме со ждрепка или да има прасе и за двајцата, братски одговорија: „Делете го, парчете го“.

Победници на Парламентарниот типстер 2016 се Игор Мишевски од Битола и Горан Глигориески од Тетово, кои ја поделија наградата.

Дончо (овластен претставник на Горан во вид на шура) и Игор (лично)
Дончо (овластен претставник на Горан во вид на шура) и Игор (лично)

Претходно во Трендоленд случајно наврати и нашиот Пимен, кого сакавме да го искористиме (за да остане наградата за нас) да ги убедува победниците дека е време на пости и дека не е сега, чеда божји, време за прасе...

Ништо од тоа.

Почастените заминаа со најава дека по една ваква победа можеби ќе размислуваат да отворат политички институт. Ја поддржавме идејата (кој све не отвори!) и им предложивме установата да се вика „Политички институт за политички слепци - Цар Самоил“.

Нека им се на здравје и прасето и пивото и баклавата.

Фала на сите за учеството во заебанцијата.

******

п.с. Кумулативни резултати од гласањето - овде

29 декември 2016 - 14:41