Што бидна со прасето?

Јебале нас дикови, управни, жалби и прегласување, не можеме прасе да испечеме. Како почнало ова, ќе си умре од старост. Ок, ние нашето ќе го решиме во регуларен термин на предновогодишна збиранка, но ви должиме апдејт за она што ќе го носи победникот на Парламентарниот типстер. А во моментов се двајца.

Во Парламентарниот типстер се пополнуваа седиштата на идниот парламент за мала пажња: прасе, две гајби пиво и тепсија баклава.

Беа пополнети 284.160 од 2.368 лица, што е далеку поголем примерок од оние врз кои се базираа предизборите сондажи.  Можеби занимлив е податокот дека своите прогнози на Фејсбук ги споделиле само 12% од играчите. 

Како што стојат работите во моментов, имаме двајца најдобри, кои точно пополниле 117 (од 120) места во парламентот. Таман да ги објавиме и да ги прашаме дали ќе одиме на ждрепка или ќе се договорат да ја поделат наградата (што во случај на прасе, две гајби и тепсија баклава е лесно; да дававме кола или телевизор, ќе беше позаебано), почнаа тоа процедурите со жалби и прегласувања. Па дигнавме рачна и сега чекаме конечни резултати.

Што се однесува до кумулативниот резултат на сите играчи, прогнозите се нешто помалку прецизни отколку на претходниот Парламентарен типстер. ВМРО сте го погодиле, кај СДСМ сте скратиле, Беса ве изненадила, а Љубчо и компанија најмногу настрадаа од постоечкиот модел со 6 единици.

Затоа битно е на ум да ја имате методолошката забелешка дека кај нас не беа шест, туку една изборна единица. И во неа, според вашите прогнози, учесниците требаше да освојат вакви резултати:

ВМРО ДПМНЕ 50.71
СДСМ 41.55
ДУИ 12.21
ДПА 4.94
ВМРО НП 3.34
Беса 3.09
Левица 1.28
Трет блок 0.88
Алијанса 0.83
Либерална 0.59
ПДП 0.58

Ок, чекаме финални резултати па објавуваме. Прасето беше даровно....

 

21 декември 2016 - 11:50