По основа на истиот проблем, мексиканскиот портал Терра започна пилот програма во која на сите "умни" сопственици на кучиња ќе им дава бесплатен интернет. Тие во соработка со агенцијата DDB, во 10 паркови низ Мексико сити поставиле специјални канти за кучешки отпад.
Откако сопственикот ќе го собере изметот од кучето, тој го става во посебна кутија во кантата, која ја мери неговата тежина а за возврат дава неколку минути бесплатно Ви-Фи.
Секако ова не ги спречило посетителите да почнат да ставаат и обично ѓубре во кутиите за да добијат бесплатно Ви-Фи, ама од DDB објаснуваат дека немаат проблем со тоа.
"Ако луѓето сакаат да собираат ѓубре, тогаш нека им биде. Ова само значи дека паркот ќе биде почист," објасниле од агенцијата.
За да се осигурат дека уредот правилно се користи, во текот на денот, до него стојат хостеси кои им делат кеси на сопствениците на кучиња.