Тестот има национален примерок од 14.800 9-годишници, кои се споредени со резултатите што ги постигнуваат 9-годишни ученици на тестовите на почетокот од 2020.
Падот во резултатите ги опфаќа речиси сите раси и нивоа на приходи во САД, а најголем е кај учениците со најниски оценки.
Лошите резултати значат дека иако голем број 9-годишници можат да покажат делумно разбирање на она што го читаат, помалку од нив можат да донесат заклучок за чувствата на ликот од она што го читаат. Кај математика, тоа значи дека учениците можеби знаат едноставни аритметички факти, но помал број од нив може да решава дропки со заеднички именител.
„Резултатите на тестовите на учениците, дури и на оние од прво, второ и трето одделение, навистина прилично добро го предвидуваат нивниот успех подоцна на училиште, и севкупно нивната образовна траекторија.
Најголема причина за загриженост се пониските резултати на децата со ниски оценки,“ објаснува директорката на Аненберг институтот на Браун Универзитетот, Сузана Леб.
Зголемувањето на јазот меѓу најдобрите и најслабите ученици беше проблем и пред пандемијата, а по нејзе тој само ескалира. Леб алармира дека полошите резултати на послабите деца би можеле да доведат до нивно откажување од училиште и да биде помалку веројатно да продолжат со високо образование.
Инаку се работи за посебен тест кој се спроведува на државно ниво, и во него не се бара одговорност за ниту едно конкретно училиште без разлика на резултатите, заради што се смета дека дава подобра и пореална слика за образованието во САД. Тестот стандардно се прави на 9-годишни деца кои се трето или четврто одделение.
Математиката е дека еден изгубен поен на националниот тест е еднаков на три недели учење. Односно, на ученик кој изгубил три поена на математика ќе му требаат девет недели (повеќе од два месеца) за да го надомести материјалот.