Во Германија: 

Мекдоналдс дење отстранува слики од бургери поради Рамазан

Синџирот за брза храна Мекдоналдс во Германија почна рекламна кампања со која настојува да не ги доведува во искушение муслиманите што постат за време на Рамазан. Од изгрејсонце до зајдисонце на дигиталните билборди се прикажува празна амбалажа, а бургерите и помфритот се појавуваат откако ќе се стемни.

Рекламната кампања е идеја на агенцијата Scholz & Friends, која ја опишува ако „повнимателен“ и „културно сензитивен пристап“ кон рекламирањето храна.

Преку ден на дигиталните билборди на Мекдоналдс се прикажани празни црвено-жолти кутии за помфрит или зелени за бургери, со поздравот „Среќен Рамазан“. Точно во моментот кога почнува Ифтар – вечерата што со која завршува дневниот пост за муслиманите, на дисплеите на Мекдоналдс празната амбалажа полека почнува да се полни со храна. 

Сите билборди се синхронизирани со релативното време во кое Сонцето заоѓа зад хоризонтот, во зависност од локацијата.

Секоја година приближно 6 милиони муслимани во Германија го празнуваат Рамазан. Тоа е меѓу 6,4 и 6,7% од вкупното население на земјата според податоците од 2020-2021 година.

Јавните реакции на кампањата се поделени. На социјалните мрежи поддржувачите ја фалат како „паметен и културно свесен потег“ или како „едноставен, практичен и ефикасен начин за прилагодување на реклама за да се почитува локалната култура“.

Други ја критикуваат, истакнувајќи дека пристапот не е ѝ личи на западна земја со мнозинско христијанско население.

Што е со мнозинството луѓе кои не го почитуваат Рамазан? Оваа рекламна кампања има смисла за Блискиот Исток, но не и за Западот, забележуваат критичари.

Мекдоналдс претходно разви културно прилагодени кампањи за Рамазан и во Индонезија и Малезија, во кои вклучува локални обичаи и традиции.

27 февруари 2026 - 08:30