Фасцинантно е што германскиот правосуден систем не успеал да го пронајде и ја суспендирал кривичната постапка против него, ама затоа новинари од весникот „Билд“ решија да тргнат по него и го најдоа лесно.
Иако Хусо Б. за неколку децении го продолжи својот нелегален престој во Германија, државата му обезбедува 7.250 евра секој месец, пари со кои тој ја издржува сопругата и осумте деца.
Бирократската конфузија и неспособност стана видлива минатиот декември, кога окружниот суд во Келн се обиде да го суди за измама, а службените лица тврдеа дека не може да се пронајде - и покрај тоа што неговата адреса е документирана и од градските власти во Келн и во градскиот центар за вработување.
„Билд“ го најдоа веднаш.
Хусо се соочува со обвиненија за измама во три одделни случаи на синџир аптеки, за четирицифрена сума. Судењето беше одложено бидејќи формалната покана на судот никогаш не била доставена до него.
Според службените лица, поштарот не можел ни лично да му ја достави поканата за суд ниту имало поштенско сандаче за да ја остави. Новинар на Билд отишол директно на адреса и го нашол и сандачето и самиот Хусо.
На новинарот му кажал дека нема никакви правни проблеми и дека последниот пат кога бил под истрага било пред 12 години.
Билд ја истакнува некомпететноста на системот во кој судиите не можат да најдат човек кого без проблеми го наоѓаат социјалните служби за редовно да му ја достават државната помош и да му испратат пари.
За Хусо и семејството тоа се 87.000 евра годишно според законот за баратели на азил, за поддршка за трошоците за живот. И живеат во куќа за која не плаќаат кирија.
