Чистата апсурдност и бесцелност на толку многу рестрикции на нормалниот живот требаше да ја издаде целата игра: програмата беше направена за да заплаши а не да информира и да се направи сомнежот и скептичноста да бидат морално неодговорни, што е точно спротивно на тоа што го прави науката. Меѓутоа оние од нас кои сето ова го осудија не протестираа во тоа време само против интелектуалното предавство, растурањето на традицијата на отворена расправа и рационална дебата која го создаде модерниот свет.
Она што тука се унередуваше, често пати со запрепастувачка слаткоречивост, беа околностите кои го прават животот препознатливо човечки: интимностите и врските кои се валута на личните врски и емоционалното здравје. Добар дел од тоа беше многу повеќе од она што генерално го сметаме за авторитарност: дури и источногермански Штази не им забрануваше на децата да ги гушкаат своите баби и дедовци, или да забрани сексуални односи меѓу луѓе кои живеат во различни домаќинства.
Масовното јавно прифаќање на овие извонредни диктати, првично, воопшто не беше изненадувачко. На неговиот почеток, ова беше класификувано како привремена итна состојба. Што се неколку седмици од нашиот животен век ако тие служат за заштита на самите себе и на други - и секако на здравствениот систем? Меѓутоа како што ова продолжуваше и колку повеќе траеше, толку повеќе народот почна да го прифаќа како нова нормала. Дури и кога штетата, посебно за младите во образовна и психолошка смисла, стануваше јасна, тоа продолжуваше. Важно е да се проба ова да се разбере.
Владината програма во која седење на клупа во парк или среќавање со поширокото семејство, стана прекршок се базираше на моделот на нација сред војна. Соработката и самоволната жртва на нацијата за време на последната светска војна беа очигледна инспирација за операцијата за ставање на државата под клуч.
Медиумските кампањи кои го нормализираа, и претставија како доблесно, прифаќањето на застрашувачките нивоа на социјално изолирање намерно беа направени за да се претстави државата како мобилизиран колективен напор против малиген непријател. Секое друго размислување мораше да биде потиснато во херојската национална борба против окупаторската армија чија цел беше да убие колку може повеќе од нас. А овој непријател беше посебно подмолен затоа што беше невидлив.
Заканата сега доаѓаше од други луѓе кои го имаа овој зол агресор во своите тела. Бидејќи ковид вирусот беше непријателска надворешна сила, тој мораше да биде поразен со истиот тип на пропагандни техники кои би се употребиле и против странска држава.
Секако дека оваа аналогија беше погрешна. Овој „непријател“ не беше свесно суштество со злобен план за окупирање. Тој немаше никаква цел освен онаа што ја има секој жив организам - да преживее и да се размножува. Тој не тераше некоја свесна битка за доминација во која никогаш не смее да не начека како попуштаме.
Потиснувањето на секој сомнеж или спротивставен аргумент е оправдано во воено време бидејќи може, според зборовите запишани во американскиот Устав да му даде „помош и утеха на непријателот.“ Според закон и според реалноста, тоа претставува предавство. Меѓутоа ковид никогаш немаше да биде некако охрабрен од каков било безгрижен разговор во Вестминстер. Третирањето на кого било, па дури и професорот по медицина од Оксфорд, Карл Хенеган, кој може да фрли сомнеж на официјалната политика, како потенцијално опасен субверзивец беше едноставно запрепастувачки.
Тоа што е уште поалaрмантно беше страста со која новинските медиуми се построија во редот, со безграничен ентузијазам, како што им беше дадена клучна улога во секојдневното ширење на авторитетот на владата. Како медиум преку кој официјалната информација е пренесена, со она што сега знаеме дека се често пати погрешни проекции и застарени бројки за смртност, тие се претворија од јавен новински сервис во она што Би-би-си секогаш инсистираше дека не е: државна телевизија. Од новинарство без интереси во Правда во еден скок.
Секако должност е на новинските медиуми да објават што сакаат владините функционери да и порачаат на државата. Но дали имаше потреба да ги забранат, а некогаш и имплицитно да ги демонизираат оние кои ги ставија под знак прашање нивните процени? Дали тие мораа да се приклучат кон метафоричкото каменување на дисидентите, вклучувајќи го и Лорд Самптон, поранешниот судија на Врховниот суд, кој изјави дека потиснувањето на основните слободи е неприфатливо?
Ако оваа криза беше сериозна како што ни беше кажано, не ли беше од витална важност на секој извор на експертиза да му се даде фер сослушување? Или сликата на единство беше толку важна што надмина сè, понекогаш дури и фактите? Можеби најлошиот исход на сето ова некритичко покривање беше што владините министри, кои го изманипулираа јавното мислење во беснило од анксиозност и потенцијална вина, потоа се најдоа себеси заробени во националното чувство што самите го создадоа.
Како можеше да не ги видиме последиците што следуваа? Како можеше некој што израснал деца да не ја види штетата што ќе се случи кога новороденчиња во развој, деца што растат и сензитивни адолесценти беа лишени од секаков нужен контакт со непознатиот свет вон своите домови? Или пак страшната судбина на сите оние возрасни пациенти кои мораа да умрат сами и бескрајната тага на нивните сакани кои беа приморани да ги пропуштат нивните последни моменти, па дури не им допуштена утехата на целосен погреб.
Што побогу мислеа сите?